Дали знаете кој бил сонот на 13-годишниот Лионел Меси?

Светското првенство за многумина во Аргентина има посебно значење, бидејќи доколку победи, 35-годишниот капитен на репрезентацијата Лео Меси би ја додал единствената титула што му недостига на својата импресивна биографија и според многумина „официјално“ ќе го потврди епитетот најдобар играч на сите времиња.

Освојувањето на Светското првенство би било најдобрата можност за Меси да се доближи уште до статусот на култот на Марадона во татковината, иако според многу резултатски параметри тој веќе има поуспешна кариера.

Во пресрет на големото финале, првото интервју на Меси во неговиот живот, кое како 13-годишен играч на Њуелс Олд Бојс го дал за локален весник во Росарио, стана вирално на интернет.

Само неколку месеци подоцна, тој со семејството се пресели во Барселона, каде што помина две децении, а до денес има 1.002 настапи во Аргентина, Барселона и ПСЖ, постигна 791 гол и освои 35 трофеи. Неговата кариера заврши многу поуспешно од она што самиот Меси го предвидел пред 22 години.

Во споменатото интервју, на прашањето за неговите најголеми желби, тој рекол дека сака да настапи на највисокото ниво на аргентинскиот фудбал за својот Њуелс, и да стане репрезентативец на Аргентина. Тој не играше сениорски фудбал во својата татковина, но во 171 настап и донесе на својата земја Копа Америка (минатата година), две финалиња на Светските првенства (2014 и 2022 година) и постигна 96 гола.

Едно старо интервју открива и дека омилен спорт на младиот Меси, покрај фудбалот, бил ракометот. Негова омилена книга била Библијата, работата од соништата му била учител по физичко образование, а главни примери му биле татко му Хорхе и кумот Клаудио.

Се вчитува...