Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Вест Хем, Енди Керол се уште игра фудбал. Поранешното најскапо засилување на тимот од „Енфилд“ ја напушти Англија, откако го раскина договорот со тимот на Ридинг.
Нов клуб во неговата богата кариера е Амиен. Тимот кој се натпреварува во втората лига на Франција успеа да го убеди напаѓачот таму да ја продолжи кариерата.
Керол со Амиен досега одигра 20 натпревари и постигна три гола. Толку му се допаѓа во Франција што не ни помислува на крај на кариерата иако има 35 години.
„Мојот план е да продолжам да играм. Се разбира, би сакал да играм барем уште една сезона во Амиен. Ако тоа не се случи, ќе барам можност на друго место. Но знам дека засега сум не размислувам за пензија и уживам во фудбалот“ изјави Керол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА