Едни од двајцата најдобри македонски ракометари, Филип Кузмановски и Никола Митревски, кои треба да претставуваат и главен адут за Македонија на престојното Европско првенство 2026, пред заминувањето на репрезентацијата за Данска, гостуваат во спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК.
И двајцата, меѓу бројните теми, открија дека нивни прв спорт не е ракометот, туку фудбалот. Двајцата битолчани открија дека фудбалот бил прва нивна љубов, но секако не жалат што потоа го одбрале ракометот.
Интересно, Филип Кузмановски бил и еден од најталентираните фудбалери во својата генерација во Битола. Но,…
„Јас тренирав шест години фудбaл и ден-денес ти е што ми беа сите тренери ми кажуваат каков талент сум бил, и дека бев еден од најдобрите во генерацијата. И многу им е криво зошто јас сум се префрлил на ракомет. Но, брзо израснав во тој период, и имав проблем многу со зглобовите, со колена и со грбот, па правев пауза околу пет до шест месеци… Потоа имаше некои натпревари, во училиштето, за ракомет. Тогаш се натпреварував во сите спортови. Некако ракометот така ми беше најинтересен. И, така почнавсо ракометот во Битола и оттогаш се роди љубовта до ден-денес“ – открива Кузмановски во „ПРЕСИНГ“.
Никола Митревски тренирал само неколку месеци фудбал, па…
„Јас помалку тренирав од Филип, некои си четири-пет месеци… Па, заврна снег, на училиште слаби оценки…, и од дома ми рекоа: “Тоа е, толку…“. И престанав. Тоа беше на десет години, а потоа ракомет почнав на 12-13 години да тренирам, се роди голема љубов, и останав во ракометот“ – вели Никола Митревски.
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

