Сензационалниот крилен напаѓач на Барселона и шпанската репрезентација Ламин Јамал на само 16-годишна возраст блеска на теренот и е еден од позаслужните за пласманот на „црвената фурија“ во финалето на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Феноменот е топ тема во светот на фудбалот, но ретко кој знае дека неговото име не е само Ламин, а тој не се презива Јамал. Талентот и нема шпанско потекло со оглед на тоа што неговиот татко е од Мароко, а неговата мајка од Екваторска Гвинеја.
Татковското презиме му е Насраули, а презимето на неговата мајка е Ебана. Интересно, Ламин Јамал е неговото целосно име кој тој самиот одбрал да го носи на дресот на Барселона како и за шпанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА