Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Селекторот Златко Далиќ кој испиша историја како тренер со два медали на Мундијалите, по мечот изјави дека оваа бронза има сјај на злато и дека му ја посветува на Чиро Блажевиќ, човекот кој го почна се ова со освојување на третото место на Мундијалот во Франција 1998 година.
„Оваа бронза е злато за нас, во оваа конкуренција да си трет е огромна работа. Момците изгинаа на терен, играа сите што се здрави и спремни. Но, ова не е мој успех, ова е успех за човекот што го почна сето ова, а тоа е Ќиро Блажевиќ. Шефе, ова е за тебе“, рече Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА