Далиќ горд: Ма овие момци не се нормални, ова е победа за цел хрватски народ

Хрватскиот селектор Златко Далиќ беше воодушевен по неверојатниот триумф што неговата селекција го забележа против Бразил, за пласман во полуфиналето од СП 2022.

Тој го откри и рецептот за успех на „коцкестите“, но јасно стави до знаење дека најзаслужни за огромната победа се неговите фудбалери.

„Ма овие момци не се нормални, ова е победа за цела Хрватска, за нашиот народ, нека уживаат сите Хрвати ширум светот. Гордост, храброст и верба… тоа е нашето мото – и Хрватот секогаш ќе успее кога ќе го следи ова. Благодарност до сите кои го дадоа максимумот, благодарност до оние кои се на клупата, не влегуваат во игра, но живеат за Хрватска. Го исфрливме најголемиот фаворит, не планираме да застанеме“, порача Далиќ.

Се вчитува...