И покрај тешкиот пораз на отворањето на Европското првенство, фудбалерите на Хрватска се уште веруваат во добар шампионат. Селекторот Златко Далиќ вели дека се било лошо и дека Шпанија заслужила победа.
„И честитам на Шпанија за убедливата победа. Наш тежок и заслужен пораз. Бевме без енергија. Се мачевме во првите 15 минути, потоа се смиривме и го зазедовме поседот. Така, примивме гол. Беше навистина лошо. Најлошото беше што примивме гол по корнер во судиското надополнување на првото полувреме, тоа беше крајот“, изјави Златко Далиќ по натпреварот.
Слично размислува и капитенот, Лука Модриќ….
„Денеска ништо не ни одеше од рака, не можевме да постигнеме гол. Имавме можности, но не бевме вистинските. Посебно во првото полувреме. Ни недостигаше агресивност и бевме премногу далеку од нашите ривали. Не се откажавме. Во вториот дел бевме подобри, но тоа не беше доволно. Топката не сакаше да влезе во голот, а тие погодуваа од сите нивни удари“, изјави Лука Модриќ по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА