Далиќ има за што да жали: Ех, да влезеше онаа шанса при 3-3…

Златко Далиќ најверојатно го водеше и последниот меч на клупата на Хрватска, со оглед на најавите дека стратегот што ги водеше „коцкестите“ до среброто на СП во Русија летово ќе му се врати на клупскиот фудбал.

Тој тргна храбро во тотална офанзива при 1-3, Хрватска успеа да се врати и да го одведе мечот во продолженија, но Хрватите немаа сили за целосен пресврт. Како клучно се покажа промашувањето на Крамариќ во 95. минута, кога асот на Хофенјам од пет метри не успеа да го матира голманот Симон, по што Шпанците во наредните пет-шест минути постигнаа два гола и го обезбедија пласманот во четвртфиналето.

„Мислам дека многу се потрошивме во првото полувреме, трчајќи по теренот и бркајќи ја топката. Успеавме да се вратиме против една моќна репрезентација како што е Шпанија. Ех, да влезеше онаа шанса при 3-3, да го дадевме тој гол, се ќе беше поинаку. Тажен сум бидејќи покажавме карактер, одигравме одлично, но не победивме. Тажен сум за навивачите кои беа овде, но и за момците кои го оставија срцето на терен“, изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Се вчитува...