Далиќ: Кога освојуваме медали мојата улога е никаква и тоа го прифаќам

Хрватската фудбалска репрезентација послабо од очекуваното го стартуваше Европското првенство во Германија. Хрватите по првите две кола имаат само еден бод откако на стартот загубија од Шпанија (3-0), а вчера одиграа само реми против Албанија (2-2).

Селекторот на репрезентацијата Златко Далиќ по натпреварот изјави дека е свесен дека кога има резултати тој е неважен, а кога нема за се е виновен.

„Не сум нервозен или лут. Фудбалерите напорно се бореа да го свртат натпреварот во наша полза. И бевме многу подобри од првото полувреме. Имаме четири дена до Италија да го видиме најдоброто. Научив да примам критики, помалку пофалби, повеќе критики, иако имаше многу успеси во моите седум години. Се справувам нормално, немам проблем со тоа. Кога губиме и играме лошо, јас ја преземам одговорноста, така е и сега. Прифаќам критики, се справувам со нив најдобро што можам, свесен сум дека кога се освојуваат медали, тогаш мојата улога е ништо. Така е во Хрватска“, изјави Далиќ.

Се вчитува...