Иако во прв момент селекторот на Хрватска Златко Далиќ не коментираше за пеналот на Аргентина, сепак, тоа го стори на прес-конференцијата.
Далиќ на крајот повторно ја честиташе победата, но исто така даде своја оценка за досудениот казнат удар на Аргентинците, кој во гол го претвори Меси.
„Тој прв гол беше решавачки за натпреварот. До тогаш имавме целосна контрола. Не бевме опасни и конкрентни, но го водевме мечот како што сакаме. А потоа не ни досуди корнер, и следува контра после која играчот го удира Ливаковиќ. Зарем се тоа некои нови правила? Што требаше да стори? Да му се тргне од патот? Тоа го направи нашиот голман. А, ако се воведени некои нови правила, нека ни кажат“, рече Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА