Далиќ најави заминување: Имам ли право да ги одбивам сите тие милиони?

Златко Далиќ долго време размислуваше за својата иднина по СП 2018, на крајот реши да остане и да ја води Хрватска во Лигата на Нации, но сега повторно може да дојде до пресврт околу иднината на овој стратег. Имено, неколку месеци откако одби 30 милиони евра за тригодишен договор во Кина, Далиќ обелодени дека повторно добил мегапонуда, поголема и од оние 10 милиони годишно.

„Овие денови пристигна уште една понуда, актуелна и побогата од онаа од Кина за која се пишуваше. Не е лесно, секогаш ќе се најде некој што ќе се јави, ќе испрати понуда, а јас ќе се запрашам дали имам право да бидам таков кон своето семејство, да ги одбивам сите тие милиони. Знаеме дека во фудбалот сите работи се минливи, којзнае дали во иднина ќе имам вакви ситуации. Си реков сам на себе: Ќе има и подобри понуди и се надевам дека сум во право, но не можам а да не помислам на семејството и влијанието на моите одлуки врз иднината на моите најблиски“ – истакна Далиќ, меѓу редови најавувајќи го своето заминување.

Хрватска со поразот од Англија испадна од елитното друштво во Лигата на Нации, претседателот Шукер се уште има голема доверба во стратегот што стигна до финалето на СП во Русија, но Далиќ дефинитивно почнува се посериозно да ги разгледува опциите за клупски ангажман.

Се вчитува...