Хрватскиот селектор Златко Далиќ е оптимист дека неговите фудбалери ќе слават на утрешниот дуел со Италија и ќе го продолжат настапот на ЕВРО 2024.
Хрватска моментно има само еден бод по првите две кола, теоретски и со реми утревечер би можела да стигне до нокаут-фазата, но „коцкестите“ се решени да стигнат до цел плен против актуелниот европски шампионат.
„Не планираме да си одиме дома, премногу е рено, верувам дека ќе ја победиме Италија. Дефинитивно ќе сториме се за тоа да се случи. Ова е уште еден од низата историски натпревари што сме ги играле, досега секогаш сме одговарале на предизвикот. Притисок? Секако дека постои бидејќи наша цел од почетокот беше да ја минеме групата. Притисок се и овие 100.000 Хрвати кои се во Германија да ни дадат поддршка, но тоа не смее да не спречи да го покажеме вистинското лице и да славиме утре против Италијанците“, изјави Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА