Далиќ: Некогаш имавме фудбалери во најсилните клубови во Европа, а сега…

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, зборуваше за квалификациите, но и за искушенијата што ги очекуваат во 2026 година.

На Светското првенство, Хрватска ќе игра во група со Англија, Панама и Гана. Тој вели дека пред неколку години голем број хрватски фудбалери играа во најсилните тимови во Европа, а сега не се стандардни ниту во послаби екипи.

„Пред СП во Русија, имавме играчи од Реал, Барселона, Јувентус, Атлетико, Ливерпул, Баерн и Милан – тоа беше врвно ниво. Денес немаме толку многу репрезентативци во најголемите клубови. Некои не играат редовно, како Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Игор Матановиќ, Фрањо Ивановиќ и до неодамна Ловро Мајер. Ова се играчите кои го формираат ‘рбетот на националниот тим и од нив зависи да се наметнат. Верувам дека ситуацијата ќе се промени до јуни“, изјави Далиќ. 

Се вчитува...