Хрватскиот селектор Златко Далиќ кажа дека нема замерки за играта и борбеноста на неговите играчи во полуфиналниот меч против Аргентина, кој го добија Аргентинците со 3-0.
Далиќ рече дека и покрај тоа што неговите играчи имале замерки за корнерот по кој паднал еден од головите, сепак, на крајот го призна поразот.
„Честитки за Аргентина на пласманот во финалето. Не можам ништо да им замерам на моите играчи. Имавме контрола во првите пола час игра, а потоа примивме гол од пенал. Некогаш среќата ќе те прати, некогаш ќе се врати на поинаков начин. Колку што сфатив, играчите имаа замерки за корнерот, и после тој гол примивме гол. Но, загубивме и немам што да замерам. Мораме да се подготвиме за натпреварот кој не чека. Ние создававме добри ситуации, но не бевме конкрентни. Ни недостасуваше вистински напаѓач. Сакавме да добиеме во длабочина со Оршиќ. Некој да ни го понудеше ова пред Светското првенство, ќе го прифатевме веднаш. Одиме да се бориме за третото место“, рече Далиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА