Во гласањето на сите селектори, капитени, новинари, Лионел Меси ја доби наградата за најдобар играч во светот за 2022 година во изборот на меѓународната фудбалска федерација ФИФА.
Во гласањето, сепак, не учествувал Златко Далиќ, селекторот на третопласираната репрезентација од минатиот Мундијал. Тој истакна дека е разочаран од односот на ФИФА кон Хрватска, и затоа не дал глас за никого.
„Разочаран сум од односот на ФИФА кон хрватската репрезентација, затоа што сметам дека засуживме поголема почит од светската фудбалска организација за резултатите кои ги постигнавме минатата година. Го шокиравме целиот свет со победата над најсилната репрезентација Бразил, и единствени со Франција имаме медали од претходни два Мундијали. Ја победивме Франција во Париз, Данска во Копенхаген, го исфрливме Бразил, претходно ја елиминиравме Белгија од групата, а во 23 меча после ЕП загубивме само на два“, рече Далиќ.
Тој го коментираше списокот на кандидати за најдобрите со светот.
„И покрај нашиот успех, погледнете го овој список. Освен Модриќ, каде се Хрватите? Не би споменувал поединци од другите земји, респект кон секој играч и тренер, ама каде е тука Матео Ковачиќ кој стана светски клупски првак и играше одлично на СП. Нема место ниту за Гвардиол кој беше во идеалниот тим на Светското првенство. Зарем Ливаковиќ не заслужи да биде меѓу петте кандидати за најдобар голман после настапите на Светското првенство?“, стои во реакцијата на Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА