Далиќ пак го повика Перишиќ: Наша должност е да му помогнеме…

Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави списокот на фудбалери за претстојните средби од Лигата на Нации, список на кој се најде и Иван Перишиќ.

Селекторот беше критикуван што упорно му дава шанса на ветеранот иако тој е целосно надвор од натпреварувачки ритам, а воедно и е без клуб откако си замина од Хајдук. Сепак, Далиќ јасно стави до знаење дека стои цврсто зад одлуката да му даде шанса на поранешниот фудбалер на Интер, Тотенхем, Волфсбург…

„Перишиќ е на списокот и тука нема ништо спорно, никогаш и не помислив на нешто друго. Факт е дека не знаеме дали и колку ќе може да ни помогне бидејќи нема клуб. Сепак, не смееме да заборавиме се што има направено за нас, Иван е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Хрватска. Наша должност заеднички, моја лична како селектор, е да му помогнеме да се врати во формата во која се наоѓаше пред тешката повреда. Јас сум убеден дека Иван повторно ќе биде еден од лидерите во националниот тим“, прокоментира Далиќ.

Хрватска за прв ривал во Лигата на Нации на 5 септември ја има Португалија, а за три дена подоцна е закажан дуелот со Полска.

Се вчитува...