Далиќ по новото фијаско: Јас сум виновникот, бесен сум што се доведовме во ваква ситуација

Хрватска катастрофално ги одигра октомвриските квалификации, откако „коцкестите“ загубија и од Турција и од Велс, паѓајќи на третото место во својата група. Турците веќе се пласирани на ЕП, а Хрватска треба да слави на своите последни две средби, но и да се надева дека Велс нема да стигне до шест бода во последните две кола, бидејќи тоа би значело дека Хрватите ќе останат без настап на ЕВРО 2024 во Германија.

Синоќешниот дуел со Велшаните во Кардиф беше само уште еден доказ за сериозниот пад во играта на хрватскиот национален тим, а селекторот Златко Далиќ по мечот ја презеде одговорноста за фијаското.

„Заслужено загубивме, Велс беше подобар, поагресивен, покажа повеќе желба за победа. Очигледно е дека имаме проблем напред, не знаеме како да стигнеме до гол. Ова е навистина лошо, се доведовме самите себе во тешка ситуација бидејќи зависиме од други, не само од нас самите. Како и секогаш, јас ќе ја преземам одговорноста, јас сум винивникот како селектор, бидејќи сигурно можев подобро да ја подготвам репрезентацијата за овој натпревар. Бесен сум што се доведовме во ваква ситуација, но ние ништо не можеме да направиме без драма. Имаме многу проблеми, но мораме да се кренеме и да се свртиме кон следните натпревари, кои се „Да се биде или не“ за нас“, изјави Далиќ.

Се вчитува...