Хрватскиот селектор Златко Далиќ блесна од среќа по синоќешната победата над Франција од 0-1. Тој по крајот на мечот не ги криеше емоциите и задоволството, па упати само комплименти до своите фудбалери.
Стратегот на Хрватска имаше и што да им порача на новите играчи, потенцирајќи им што треба да направат за да се најдат во Катар.
„Французите конечно паднаа. Само тим со карактер може да се врати и да ја победи Франција по овие резултати. Излегува дека Лигата на нации ни донесе многу. Но, проблемот е четири натпревари за 10 дена и чести патувања. Но, покажавме инает, карактер и борба. Сега сме во добра ситуација. До Катар има уште шест месеци. Овие момци кои играа во бековската линија ќе одат во Катар ако продолжат да играат вака. Тие имаат право да се надеваат, а ние немаме право да ги лишиме од настап за својата земја“, изјави Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА