Хрватска го достигна врвот во својата фудбалска историја на СП 2018, но никој не очекуваше така драстичен пад во формата на „коцкестите“ по Мундијалот во Франција. Тие испаднаа од елитното друштво во Лигата на Нации, а вечерва го претрпеа и првиот пораз во квалификациите за ЕП 2020, губејќи од селекцијата на Унгарија со 2-1.
Повеќе од јасно е дека Хрватите се соочуваат со проблем, но селекторот Златко Далиќ сепак не делува премногу загрижен.
„Честитки до Унгарците за победата. По првиот гол и водството паднавме, не продолживме во ист ритам, а требаше да ги дотолчиме. Беа поагресивни од нас, примивме гол од прекин и загубивме. Не бевме доволно креативни, немавме завршница на акциите, се обидовме и со втор шпиц, но не успеавме. Јасно е, сите играат со 200% против Хрватска по последниот Мундијал, ние сме светски вицешампиони, но овој пораз не е трагедија“ – истакна Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА