Далиќ: Сè е во наши раце, јас сум оптимист за пласман на Хрватска во следната фаза

Хрватскиот фудбалски селектор Златко Далиќ е оптимист пред дуелот со Чешка во второто коло од групата Д на Европското првенство.

Репрезентацијата на Хрватска загуби од Англија на „Вембли“ со 1-0 во првото коло, додека Чешка ја победи Шкотска со 2-0.

„Секој пораз е тежок за секого и остава последици. Не е лесно да се поднесе. Но, знаеме дека сè е во наши раце, атмосферата е добра. Јас сум оптимист. Мора да играме поофанзивно, со трчања и да напаѓаме по крилните позиции. Момчињата се свесни дека мора да победиме. Не гледам проблем по тоа прашање, ние сме мотивирани и максимално подготвени“, рече Далиќ.

Натпреварот Чека и Хрватска ќе биде одигран денеска во Глазгов со почеток од 18 часот.

Се вчитува...