Златко Далиќ веќе девет години со огромен успех ја води Хрватска, но на скромниот стратег му пукна филмот по најновите шпекулации дека е подготвен да си замине од кормилото на „коцкестите“ по завршувањето на мундијалот.
Договорот на Далиќ истекува на крајот од СП 2026, дел од медиумите тврдат дека тој веќе има договор за нов ангажман, но хрватскиот селектор јасно стави до знаење дека единствен негов фокус во моментов е работата со „коцкестите“.
„Сакам само да ме остават да работам во мир. Имам работа, уживам во неа, ја работам најдобро што знам и умеам… Па по девет години работа, по сите овие резултати и се што направив за Хрватска со момците, по сето ова време мислам дека заслужив да ми се даде мир, да се каже: Селекторе, одработи го СП, а потоа седни со претседателот на федерацијата и одлучете што понатаму. Мојот договор е најмалку важен, најважна е Хрватска и нашиот настап на светскиот шампионат“, прокоментира Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

