Далиќ: Сигурен сум дека Модриќ ќе биде уште со нас

И покрај најавите на Лука Модриќ дека Светското првенство ќе му биде последно на кое ќе игра во хрватскиот дрес, и потоа ќе замине во пензија, селекторот Златко Далиќ го најавува спротивното.

Тој вели дека на Модриќ ова нема да му биде последно натпреварување со Хрватска, и дека посакува да го има што е можно подолго.

„Што да кажам за Лука ќе биде премалку. Господ да го благослови и да живее подолго. Сигурен сум дека ова нема да му биде последно натпреварување со Хрватска. Важно ни е неговото присуство, фигура, сериозност, работа и професионалност. Тој е многу важен играч. Лука е нашиот капитен и лидер и сакаме тој да биде со нас што е можно подолго“, рече Далиќ.

Модриќ веќе има 37 години и размислува да се повлече од репрезентацијата после Мундијалот во Катар.

Се вчитува...