Хрватска вечерва на домашен терен против Полска ќе се обиде да стигне до првата победа во новото издание од Лигата на Нации, но задачата ќе биде уште потешка откако селекторот Златко Далиќ остана без клучен играч во тимот.
Андреј Крамариќ ќе го пропушти вечерашниот дуел на „коцкестите“ откако „деветката“ на Хрватска поради болест не тренираше со остатокот од тимот уште од враќањето од Португалија. Асот на Хофенхајм се наоѓал во изолација за болеста да не се рашири во остатокот од репрезентацијата, па јасно е дека Далиќ нема да смета на својот стартен голгетер на вечерашниот дуел.
Според хрватските медиуми, од првата минута на негово место се очекува да заигра Анте Будимир, 33-годишниот напаѓач кој настапува во Ла Лига за тимот на Осасуна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА