Хрватскиот селектор Златко Далиќ не можеше да ги сокрие солзите по големата победа над Русија и пласманот на „коцкестите“ на Светското првенство 2022 во Катар.
Далиќ на тој начин стана првиот хрватски селектор кој ќе има можност да ја води репрезентацијата на три големи натпреварувања. По среброто на СП 2018 и осминафиналето на ЕВРО 2020, Далиќ на кормилото на хрватската репрезентација се избори за учество и на СП 2022 во Катар.
Во историјата на хрватскиот национален тим ниту еден селектор досега немал можност да ја води репрезентацијата на три едноподруго големи натпреварувања. Мирослав Чиро Блажевиќ и Славен Билиќ ја водеа селекцијата на две големи натпреварувања, а Мирко Јозиќ, Ото Бариќ, Златко Крањчар, Нико Ковач и Анте Чачиќ на по еден турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА