Златко Далиќ по крајот на Светското првенство кое се игра оваа година заминува од репрезентацијата на Хрватска.
Неговата следна дестинација ќе биде Обидинетите арапски емирати каде ќе ја врши селекторската улога, пренесуваат тамошните медиуми.
Далиќ е високо ценет на Блискиот Исток каде помина седум години и со успех го предводеше Ал Аин. Од 2014 до 2017 година тој ги освои домашното првенство, Купот и азиската Лига на Шампиони.
59-годишникот во минатото два пати одбиваше понуда да се врати во Обидинетите арспаки емирати поради Хрватска, но се чини дека доаѓа крај на една ера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

