„Дамата“ киксна со Кротоне, Наполи се доближи на -4 пред големото дерби

Италијанскиот првак Јувентус ремизираше (1-1) против Кротоне на гости и ги оживеа надежите на Наполи дека може да се врати во трката за титулата. „Наполитанците“ славеа со 4-2 против Удинезе и сега се на -4 во однос на „старата дама“ во пресрет на големото дерби меѓу двата тима што ќе се одигра во Торино во следното коло.

Алекс Сандро го доведе Јувентус во водство, но Сими со одличен гол во вториот дел донесе бод за Кротоне. Наполи имаше негатива, но успеа со пресврт да стигне до триумф. Исниње, Албиол, Милик и Тонели беа стрелци за „наполитанците“ на овој меч, откако беа предизвикани од Јанкто и Ингелсон.</p

Неверојатен меч одиграа Фиорентина – Лацио (3-4), со седум гола, два црвени картони и безброј шанси. На крајот гостите ги однесоа бодовите. Луис Алберто беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запишаа и Касерес и Фелипе Андерсон.

Милан одигра 1-1 на гости против Торино. Бонавентура обезбеди предност за „росонерите“, а Де Силвестри донесе бод за Торино. На самиот старт од мечот, Белоти не успеа да реализира пенал за домаќинот.

Резултати Италија: Кротоне – Јувентус 1-1, Наполи – Удинезе 4-2, Рома – Џенова 2-1, Фиорентина – Лацио 3-4, Сампдорија – Болоња 1-0, Торино – Милан 1-1, Верона – Сасуоло 0-1, Спал – Киево 0-0.

Се вчитува...