Дамчевска: Дисциплината во нашата игра беше клучна за освојување на трофејот

ЖРК Металург е освојувач на Куп титулата во женска конкуренција, откако во финалниот меч на Ф4 турнирот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци славеше над Ѓорче Петров со 30-27.

Тимот од Автокоманда стигна до куп трофејот по пауза од девет години. Предводникот на ЖРК Металург, Јулијана Дамчевска вели дека дисциплината во играта беше клучна за победа против одличниот тим на Ѓорче Петров.

„Влеговме сериозно и со пристап кој е победнички. Знаевме дека ако спроведеме што трениравме, ќе успееме. Макотрпно работиме, веруваме во тоа што го работиме и еве го резултатот. Игравме дисциплинирано и долго време во висок ритам. Не може да се игра во  вака силно темпо шеесет минути, но успеавме и заслужено се радувавме“, изјави Дамчевска. 

Се вчитува...