Повремениот македонски репрезентативец Александар Дамчевски деновиве е на проба во полската Јаголенија во обидот за реализација на нов ангажман во зимскиот преоден рок.
По раскинувањето на договорот со Атирау, Дамчевски нареднава недела ќе мине низ подготовките со Јагелонија по што ќе биде познато дали ќе следи трансфер во полскиот прволигаш.
Дамчевски, кој е роден во Франција, беше стандарден наш репрезентативец во времето на селекторувањето на Бошко Ѓуровски кога запиша четири настапи. Претходно во својата кариера има играно и за холандската НАЦ Бреда, Криенс и Луцерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА