Повремениот македонски репрезентативец Александар Дамчевски, сепак, својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Мезоковешд.
И покрај тоа што беше пред промоција во дресот на српскиот суперлигаш Спартак Суботица, сепак, Дамчевски одбил понуда од 1.500 евра плата од Србите, и за подобри финансиски услови кариерата треба да ја продолжи во Мезоковешд, кој по есенскиот дел од шампионатот е на делба на 5. место во Првата лига на Унгарија заедно со Ујпешт во чии редови настапуваат Енис Барди и Виктор Ангелов.
Сепак, Македонија ќе има свој фудбалер во редовите на Спартак Суботица, откако потпиша младинскиот репрезентативец, 19-годишниот Емил Абаз.
Абаз, кој има и белгиско државјанство, претходно ги мина младински школи и Антверпен и Андерлехт, минатата сезона беше дел и од младинскиот тим на Динамо Загреб, а сега професионалната кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш Спартак Суботица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА