Италијанскиот шампион, Интер, славеше сигурна победа над Аталанта (2-0) во полуфиналето од Суперкупот на Италија и ќе има шанса да го брани трофејот освоен минатата година.
Откако првиот дел од мечот заврши без голови, Интер ја заокружи доминацијата со два гола во второто полувреме.
Офанзивниот пристап донесе резултат кога Дензел Дамфрис најдобро се снајде во шеснаесетникот и со атрактивен удар постигна гол за водство од 1-0.
Веќе во 61. минута, Дамфрис го постигна и својот втор гол за триумф од 2-0.
За трофејот од Суперкупот актуелниот италијански првак ќе се бори против подобриот од утрешниот дуел меѓу Јувентус и Милан кој се игра од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА