Повторно, кој друг ако не Никола Јокиќ во центарот на вниманието на натпреварите од НБА лигата. Неговиот Денвер победи против Сакраменто со 136-105.
Јокиќ повторно ја украде целата слава бидејќи одигра навистина неверојатно, за малку останувајќи без трипл-дабл. За само 29 минути минати на теренот, Јокиќ постигна 36 поени, имаше 12 скока и осум асистенции.
Сепак, тој не стигна до „трипл-дабл“, а причината е што тренерот, исто како и повеќето други стартери, одлучи да го одмори на крајот од натпреварот.
Nikola Jokić and Denver win their 4th straight!
🃏 36 PTS
🃏 12 REB
🃏 8 AST
🃏 14-16 FGMJoker passes Carmelo Anthony for the second-most 30-point games in @nuggets franchise history 🔥 pic.twitter.com/RaDMLfA4ZZ
— NBA (@NBA) December 12, 2025
Јокиќ доминираше во скоковите во втората четвртина, а на полувремето отиде со 23 поени, седум скока и три асистенции.
До крајот на третиот дел од натпреварот, Јокиќ веќе одигра маестрална игра и потврди дека е играчот со најмногу натпревари во историјата на НБА со најмалку 30 поени, 10 скока и пет асистенции со 80% шут од поле.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Хјустон Рокетс – ЛА Клиперс 115-113
Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 116-101
Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Треил Блејзерс 143-120
Сакраменто Кингс – Денвер Нагетс 105-136
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

