Дамир Ибриќ е нов спортски директор на Шкупи

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи  го донесе Босанецот Дамир Ибриќ за нов спортски директор  пресрет на новата сезона.

Ибриќ во кариерата бранеше за р, турските Трабзон, Генчербилиги и Коџаелиспор, романска Конкордија, играше и во Малезија, Кина, а откако ја заврши кариерата во 2017 година беше четири години помошен тренер, а во последните две години работеше како спортски директор во Малатија.

„Среќен сум што доаѓам во клуб со традиција, клуб кој бил првак и освојувач на Купот, добро организиран клуб, кој секоја година е кандидат за титулата и за Европа. Ќе работиме за да оствариме големи успеси, да играме групна фаза во Европа и да оствариме уште повеќе успеси во иднина“, рече Ибриќ.

Се вчитува...