Дамјан Митев: Сите многу добро знаат која е Данска во ракометот

ЕКИПА во Хернинг, 

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија утре против домаќинот Данска ќе го стартува настапот на Европското првенство во Скандинавија.

Еден од најмладите во репрезентацијата Дамјан Митев вели дека многу добро ги знаат квалитетите на Данска, но дека тие нема да излезат со бело знаме.

„Данска ја знаеме, сите ѝ ги познаваме квалитетите, нема што да се зборува посебно за нив. Одиме максимално да играме со сите и со Португалија и со Романија. Чувството е одлично, знаеме дека против нас ќе ги имаме играчите кои до вчера ти биле идоли. Мора да го дадеме нашиот максимум затоа што се работи за Европско првенство, играш за Македонија. Нема да се штедиме, ова е репрезентација, мора секој меч да си на максмум“, изјави Дамјан Митев.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во петок со почеток од 20.45 часот.

Се вчитува...