Новиот пораз е причина за уште поголемо разочарување во таборот на МЗТ Скопје, откако „металците“ уште повеќе заостануваат зад Работнички и Блокотехна во трката за највисок пласман на домашната сцена.
„Имаме зошто да бидеме разочарани, во последната четвртина не влеговме онака како што посакувавме и тоа придонесе да дојде до голем пад и на крајот да го загубиме мечот. Мораме многу да работиме, да ја подобриме пред се одбраната на „пик ен рол“, што е наш голем проблем. Се наоѓаме во криза, не играме како што посакуваме, мораме да поправиме многу работи до Купот на Македонија“ – изјави Дамјан Стојановски.
Македонскиот репрезентативец предвреме го заврши натпреварот со техничка грешка, но не сакаше да навлегува во дебата околу арбитражата на натпреварот.
„Не сакам да го коментирам судењето бидејќи веднаш би следеле казни. Ќе продолжиме да работиме за да играме уште подобро, тоа е најважно“ – порача Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА