Дамјан Робев летово ќе го напушти тимот на МЗТ Скопје и во следната сезона ќе ги брани боите на големиот ривал Работнички откако ги прифати условите за трансфер во таборот на „центарци“.
Робев e член на МЗТ Скопје од 2021 година, кога пристигна меѓу аеродромци по одличната сезона во дресот на Куманово. Тој во последните години минуваше премалку време на теренот, а токму желбата да биде во тим со поголема минутажа беше пресудна да си замине од МЗТ и да потпише двогодишен договор со Работнички.
Најдобрата партија минатата сезона на Робев беше и онаа најзначајната, кога 27-годишниот кошаркар блесна во куп-финалето со Пелистер, за што го доби и МВП-признанието во мечот за трофејот.
Дамјан Робев е петтото засилување на „центарци“ за новата сезоната, по ангажманите на Његош Сикираш, Михаило Јовичиќ, Оливер Двојаковски и Весли Персон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА