Екипата на МЗТ Скопје отпатува за Словенија, каде утре со почеток во 19 часот ќе се сретне со екипата на Рогашка. Станува збор за тим што во досегашните осум кола забележа три победи и пет порази, но кој игра добро на домашен терен, совладувајќи ги досега екипите на Сплит, Вршац и Зрињски.
„Против себе ќе имаме незгоден противник, но сакаме да продолжиме со добрите игри во АБА2 лигата. Ќе дадеме се од себе да ја продолжиме победничката низа и во Словенија“ – истакнува капитенот Дамјан Стојановски.
Тренерот Ѓорѓи Кочов очекува тежок натпревар во обид да се забележи и четвртата победа во низа во регионалното натпреварување.
„Резултатите на домашен терен најдобро говорат за квалитетот на Рогашка, тим што е многу опасен кога игра пред своите гледачи. Играат повеќе варијанти на комбинирана одбрана, што ги прави дополнително незгоден противник. И покрај сето ова, ние одиме по победа“ – вели стратегот на „металците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА