Одлични европски настапи на македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски кој со Борац Бања Лука се избори за плеј-оф во Лигата на Европа.
Борац Бања Лука вечерва славеше со 3-1 против Клаксвик од Фарските острови дури по продолженијата па се пласираше во следната рунда натпревари, откако на првиот меч загуби со 1-2.
Тимот од БиХ во регуларниот дел дојде до предност од 2-1, анулирајќи ја предноста на противникот, за да во продолжението Мејерс погоди во 93.минута за победа на Борац.
Шишковски беше одличен на целиот натпревар на голот на Борац, носејќи значајна улога во новиот европски успех на босанскиот тим.
Во квалификацискиот плеј-оф за Лигата на Европа се пласираа и шведски Елфсборг, и австриски Рапид, и Викторија Плзен од Чешка, белгиски Серкл Бриж, холандски Ајакс, португалска Брага, Макаби Тел Авив од Израел, швајцарски Лугано…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА