Дамјан Шишковски играч на колото во БиХ, и Цветаноски во најдобриот тим викендов (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски е прогласен за играч на колото во најновата рунда натпревари во најсилната лига на Босна и Херцеговина.

Дамјан Шишковски триумфираа со неговиот Борац Бања Лука против Вележ, а македонскиот репрезентативец беше прогласен за играч на натпреварот и сосема заслужено се најде во најдобрите единаесет во лигата на БиХ.

Шишковски имаше извонреден меч на голот на Борац, па сосема заслужено на крај е прогласен и за играч на ова коло во БиХ.

А, во тимот на колото, покрај Шишковски, се најде уште еден Македонец, Матеј Цветаноски кој што со својот Железничар минимално на домашен терен славеа против Посушје.

 

Се вчитува...