Дамјан Шишковски промовиран во Борац

Борац Бања Лука го промовираше репрезентативецот Дамјан Шишковски за нов голман. 29-годишниот Шишковски доаѓа во Борац од редовите на Арарат Ерменија, каде што бранеше во изминатите шест месеци. Претходно четири години беше дел од кипарска Докса.

Шишковски потекнува од Работнички, а потоа како еден од најдобрите млади голмани заминува во белгиски Гент. Се враќа во Работнички, па во 2018 година заминува во Лахти, па во Ропс, па одново во Работнички, од каде во 2020 се сели во Кипар.

За националниот тим Шишковски има одиграно 11 натпревари. Седум натпревари се во Лигата на Нации, три во пријателските натпревари, додека има и еден настап во европските квалификации, против Малта кога се повреди Столе Димитриевски.

Се вчитува...