Капитенот на македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, и во претстојната сезона ќе биде предводник на тимот. Тој и уште неколкумина повозрасни треба да им бидат локомотивата на младите играчи кои се во ростерот.
„Мислам дека минавме добри подготовки. Добро се подготвивме, оваа сезона приоритет ќе ни биде агресивноста во одбрана за тоа да ни го олесни нападот. Мора да го подобриме впечатокот од лани. Оваа година треба да играме побрзо и поагресивно“, вели капитенот на „металците“, Дамјан Стојановски.
МЗТ Скопје за новата сезона реши во тимот да доведе четворица странци. Еден од нив, е хрватскиот интернационалец, Иве Иванов.
„Дојдов во голем клуб. Среќен сум што сум тука. АБА 2 не е лесна и едноставна. Има добри екипи и играчи. Не чека тешка работа. Имаме момци со карактер и со квалитет за да ги исполниме барањата“, изјави новото засилување, Иве Иванов.
Прв противник во АБА 2 лигата за МЗТ, утре (19 часот) во „Јане Сандански“ ќе биде Хелиос. Во домашниот шампионат, за десетина дена МЗТ сезоната ќе ја отвори против Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА