Дамјан Стојановски има повреда на скочниот зглоб на левата нога. Но не е од посериозен карактер. По неколку третмани кои ги направи нашиот лекарски тим досега, а ќе ги има и до пред почетокот на следниот натпревар во „балонот“ во Перм, очекувањата се дека искусниот бек-шутер ќе биде подготвен за напорите кои ги бара еден квалификациски натпревар за пласман на ЕП.
Освен тоа, дополнителните прегледи не покажале сериозно оштетување на лигаментите, па нашиот стартер ќе му се стави на располагање на селекторот Александар Тодоров за дуелот против Италија кој го играме во недела попладне, со почеток од 13.часот.
Нема потреба да се говори колку е присуството на искусниот крилен играч важно за нашата репрезентација. Оособено кога сме во една императивна ситуација. Да ги добиеме двата наредни меча на турнирот во Перм. А оној вториот против Естонија, да биде изразен со двоцифрена предност.
Иако на турнирот денеска е слободен ден, нашиот национален тим тренираше во арената „Молот“ во обид да се направи комплетна подготовка за вториот дуел со аѕурите во рок од три дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА