Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски, и МЗТ Скопје Аеродром денеска го официјализираа продолжувањето на соработката. Капитенот останува во „Јане Сандански“ и во следните две сезони.
„МЗТ Скопје Аеродром е мојот клуб, веќе не ни паметам дека имам играно во друга средина и навистина не беше тешко да се одлучам да останам во него уште две сезони. Имав понуди од странство, но иако беа примамливи, сепак, не беа до таа мера поатрактивни и побогати за да ме натераат да си заминам во Аеродром. Сѐ уште ми е тешко што во минатиот шампионат не одигравме на потребното ниво и не ги остваривме очекувањата на навивачите како во АБА така и во македонското првенство. Токму таа желба да дадам се од себе да се подобри впечатокот и да се покаже дека тоа што се случи во изминативе месеци не беше реална слика на МЗТ Скопје Аеродром беше клучна што останувам и понатаму во сино-белиот табор“ – вели Стојановски.
Дамјан Стојановски кој во следната сезона треба да го предводи МЗТ Скопје во битките во домашниот шампионат како и во АБА 2 лигата, верува дека клубот има потенцијал да се врати на шампионската позиција во македoнската кошарка како и во елитната конкуренција од регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА