Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром остана закован на дното на табелата во АБА-лигата, откако синоќа загуби убедливо од Партизан во Белград со 112-94. Дуелот заврши по само две четвртини, со оглед дека „металците“ на полувремето имаа огромна негатива (69-42). Тоа го потенцира и Дамјан Стојановски, истакнувајќи дека целиот тим потфрлил и кошаркарите правеле катастрофални грешки.
„Мораме да му честитаме на Партизан за заслужената победа. Ние правевме катастрофални грешки кои скапо не чинеа. Натпреварот буквално го загубивме уште во првото полувреме“, изјави Дамјан Стојановски.
Очигледно е дека тимот на МЗТ Скопје Аеродром ќе мора да работи на подобрување на одбраната во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА