Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски, ќе биде лидер на вицепрвакот МЗТ Скопје Аеродром и во наредните две сезони. Тој се договори за продолжување на соработката со „металците“ и во наредниот период, иако имаше и понуди од странство, објави клубот на официјалната веб страница.
Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање во тимот од „Јане Сандански“, по претходното обновување на соработката со Дарко Соколов и со Андреј Маслинко, како и ангажирањето на повратникот Љубомир Младеновски и американскиот кошаркар Лестер Медфорд.
Во македонското првенство, Дамјан Стојановски минатата сезона настапи на 35 средби со просек од 11 поени, 4,2 скока и 2,1 поен додека во АБА-лигата ги одигра сите 22 меча со просечна реализација на 11,5 поени и по 2,7 скока и асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА