Дамка на победата на Барса: Се повреди Ламин Јамал

Барселона е на чекор до полуфиналето од Лигата на Шампионите, но финишот од вечерашниот дуел со Борусија Дортмунд донесе и огромен проблем за тренерот Ханси Флик.

Имено, Ламин Јамал се пожали на повреда и самиот побара да биде заменет, за рушење на перфектниот впечаток и уживањето што каталонците им го приредија на своите навивачи. Деталните прегледи ќе покажат колку е сериозен проблемот и кога Јамал ќе може да се врати на терените, нешто што е исклучително важно ако се знае дека токму во наредните триесетина дена Барса ја очекува пеколна борба за три трофеи.

Барса во следното коло од Ла Лига ја очекува гостување против Леганес, потоа на домашен терен ќе ги пречека Селта и Мајорка, а прашање е дали Јамал ќе може да настапи на големото финале од Копа дел реј против Реал Мадрид закажано за 26 април.

Се вчитува...