Дамка на победата на Ливерпул – се повреди една од „ѕвездите“ на тимот

Ливерпул славеше на гостувањето против Борнмут за нови три бода во трката за титулата, но триумфот беше скапо платен ако се знае дека Трент Александер Арнолд заработи нова повреда.

Десниот бек побара да биде заменет во текот на второто полувреме, а деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговат апауза од терените.

„Трент само седна на теренот и ми кажа дека морам да го повлечам од игра. Очигледно почувствувал болка во мускулот, да ги почекаме прегледите и да видиме за колку сериозна повреда станува збор“, изјави Арне Слот по натпреварот.

Дефанзивецот сигурно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето во лига-купот против Тотенхем закажан за четврток, како и наредниот меч од ФА Купот на Англија.

„Црвените“ на 12 февруари го играат заостанатиот натпревар од Премиер-лигата против Евертон, по што четири дена подоцна во следното коло од елитното англиско фудбалско друштво ќе го пречекаат Вулверхемптон.

Се вчитува...