Еуфоријата во таборот на Реал Мадрид по новата европска круна за момент стивна откако Кристијано Роналдо во изјава за медиумите откри дека сериозно ја разгледува опцијата за заминување. Португалецот не постигна гол во Киев, но беше клучен играч на Реал целата сезона во ЛШ но по бројните шпекулации за доаѓање на нови фудбалери, а ненудењето на нов договор на негова адреса тој сега повторно е несреќен во Мадрид и размислува за заминување.
„Би било убаво кога би останал во Мадрид и во наредната сезона. Сега не можам да кажам ништо повеќе, во следните денови ќе ја соопштам одлуката за мојата иднина“ – изјави Роналдо.
Шпанските медиуми ваквата изјава на најдобриот фудбалер на Реал ја оценија како порака до Флорентино Перез, кој досега во вакви ситуации експресно реагираше и му нудеше нов договор на својот ас. Првиот човек на Реал во изминатите месеци не се реши на ваков чекор, па останува да се види дали Флорентино ќе најде начин да го усреќи Кристијано, или пак ќе се реши за подмладување на навалната линија, со Нејмар, Икарди или Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА