Сања Дамњановиќ за српските медиуми откри дека на крајот од сезоната си заминува од Вардар. Српската репрезентативка во редовите на македонскиот шампион дојде пред две сезони од данскиот Виборг.
„На крајот на сезоната повторно ќе ја сменам средината. Не останувам во Вардар, а каде ќе ја продолжам кариерата се уште не знам. Важно е дека имам понуди, па наскоро ќе решам“ – изјави Дамњановиќ за „Спортски журнал“.
Македонскиот шампион неодамна ја продолжи соработката со неколку ракометарки. Во таборот ан „црвено-црните“ за наредната сеозна сигурно остануваат Андреа Кликовац, Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Татјана Хмирова и Александра Лакрабер. Новио имиња во македонскиот шампион од следната сезона ќе бидат српските пикери Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА