Како што беше познато и од претходно, српската интернационалка Сања Дамњановиќ го напушта Вардар по крајот на сезоната, сега и официјално познато дека кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот Шиофок.
„Потпишавме двегодишен договор со Сања Дамњановиќ од Србија која во моментов е член на Вардар од Скопје“ – информираат од Шиофок.
„Знам дека во Унгарија доаѓам во една од најсилните во Европа. Моја цел е да продолжам да играм на високо ниво и да помогнам тимот во следната сезона да ги реализира своите цели“ – вели Дамњановиќ за официјалната интернет страница на унгарскиот клуб.
Македонскиот шампион неодамна ја продолжи соработката со неколку ракометарки. Во таборот на „црвено-црните“ за наредната сеозна сигурно остануваат Андреа Кликовац, Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Татјана Хмирова и Александра Лакрабер. Нови имиња од следната сезона ќе бидат српските пикери Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА