Тренерот на Вардар, Срѓан Дамњановски, посочи дека до победата вардарки стигнаа благодарение на нивната агресивна одбрана и брзата реализација преку контри.
„Во куп натпреварите секогаш почетоците се тешки, без разлика дали е финале или полуфинале. Како и да е, го пронајдовме ритамот во продолжението и потоа се беше во наша полза. Ги предупредив девојките да се зацврстат во одбраната во вториот дел, па може да се каже дека мечот го добивме преку контра – напади“, вели Дамњановски.
Вардар утре ќе се сретне со добро познатиот ривал Бадел, како реприза од минатогодишното финале во кои „црвено-црните“ ја прекинаа нивната доминација во Купот, а Дамњановски посочи дека неговите избранички се многу мотивирани да оствара успех, особено што веќе имаат претрпено два порази од Баделки во овогодинешниот шампионат.
„Фактот дека се пласиравме во финалето и ќе го браниме трофејот е доволна мотивација за нас. Во женската кошарка нема многу страгетија, се е мотивација, и можеби малку среќа.Јас се надевам дека ќе успееме да го одбраниме трофејот“, додаде Дамњановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА